Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
За проектот PDF Печати Е-пошта

Наслов на проектот:

“Стандарди за одржливост на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на локалната самоуправа”

Цел на проектот:

Општата цел на проектот е да придонесе кон зголемена транспарентност, отчетност и добро владеење на локалната самоуправа и подигање на свеста на граѓаните за работата на советите на Единиците на локална самоуправа.

Очекувани резултати:

1. Подготвен и промовиран извештај/ ранг листа за успешност во употребата на стандардите во процесот на информирање на граѓаните за работата на Советите на ЕЛС.

2. Поставени стандарди за транспарентност и отчетност на работата на Советите на ЕЛС.

Проектот се спроведува во периодот од јануари 2011 до март 2012 во сите 85 Единици на локална самоуправа (ЕЛС).

Овој проект директно ги вклучува сите 85 Совети на ЕЛС и 1379 членови на Советите,  а крајни корисници од истиот се  граѓаните на Р Македонија.

Проектот “Стандарди за одржливoст на одговорноста, транспарентноста и кооперативноста на Локалната самоуправа” го спроведува Граѓанската асоцијација МОСТ, и е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој SDC, преку програмата Civica Mobilitas. Истата е администрирана од страна на Центарот за Институционален Развој - ЦИРа.