Мојот советник

Македонски (Macedonian)Albanian-ALTurkish (Turkiye)
Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа

Наслов на Проектот:
Одговорна, кооперативна и транспарентна локална самоуправа

Цел на Проектот:
Придонес кон зголемено граѓанско учество во процесот на креирање политики и носење одлуки на локално ниво и подобрување на отчетноста, отвореноста и транспарентноста на локалната самоуправа.

Очекувани резултати на Проектот се следниве:

  • Зголемување на свеста и подобрување на знаењето за начинот и можностите за вклучување на граѓаните, граѓанските организации, бизнис заедницата и заинтересирани групи во процесите на креирање политики и донесување одлуки.
  • Зголемување на свеста кај јавната администрација во локалната самоуправа и избраните членови на советите на општините за начините и можностите на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво како и за принципите на антикорупција и транспарентност.
  • Зголемен проток на информации за работата и успешноста на Советите на  Единиците на Локална самоуправа помеѓу граѓаните/избирачите.
  • Создаден канал за двонасочна комуникација помеѓу засегнатите страни во процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво.

Целна група и корисници на Проектот се шест Единици на локалната самоуправа, каде, директни корисници се нивните граѓани.

Проектот ќе се спроведува во Гостивар, Дебарца, Крива Паланка, Могила, Осломеј и Штип, во периодот од февруари 2010 до јануари 2011 г.